
Покрај бројните работни обврски кои ги имаат членовите од група “Респекти”, овие моци сепак успеваат да ги усогласат сите свои ангажмани и да бидат заедно на сите свои настапи и свирки. Воедно четворица од вкупно петте членови на оваа група се и фамилијарни, а останува уште еден член да се придружи кон ваквата обврска.
-Александар Мишевски е на клавијатура, тој ја создаде и музиката за песната “Пуста да е печалба”, преталентиран дечко, на соло клавијатура ни е Благоја Нестороски, Денис на тапани – ударни инструменти, Игор Димкоски на зурла со саксафон и јас Даниел Сидовски сум како вокал и фронтмен на групата, истакнува Даниел.
Минатата година за оваа група ќе остане запаметена по наменската печалбарска песна за која “Респекти” снимија и видео запис, песната “Пуста да е печалба”, кои се задоволни и од која песна веќе има понуди за настапи надвор од нашата земја, дури и во далечната Австралија.

-Засега е одлично. Да се пофалам вложивме многу труд во неа и кога ќе вложиш труд нормално е да се врати, така да ја прифатија сите буквално. Поздрав и за нашинците од Австралија, Канада, Америка , Швајцарија, Италија, Германија, да не ги набројувам сите држави, само добивам позитивни критики. Тие ја пеат веќе таа песна. Ми праќаат и видеа од некој настапи каде што имаат нашите музичари кога одат таму. Исто така во преговори сме и ние да отидеме и нас ни е желба, но и трудот треба да се исплати, вели Даниел, додавајќи дека песната добро котира и се многу задоволни.
Неодамна “Респекти” снимија видео проект со неколку кавер верзии на македонски и српски песни, кои се очекува наскоро да бидат видени од публиката.
Во продолжение погледнете го нивниот најнов сплет, кавер верзија на добри македонски народни рефрени.
