Елена Јовческа : За да се сигне до повисоко ниво, потребно е многу работа !

Please follow and like us:
Pin Share

Елена Јовческа при гостувањето во емисијата “Промо” истакна дека патот до успехот на естрадата е тежок. Според неа, за да се стигне на повисоко ниво, мора многу да се работи и да се вложи голем труд.

Елена Јовческа веќе шест години успешно чекори на македонската музичка сцена. Покрај по нејзините голем број хитови, таа е добропозната и по извонредните забави кои ги приредува пред нејзините фанови, насекаде кадешто настапува. Според неа за да се стигне на едно повисоко ниво на сцената, потребно е доста работа и многу труд.

-Има различни начини на кој би можел да стигнеш на некое ниво. Меѓутоа јас за себе би можела да кажам дека на ова ниво дојдов со многу труд, многу работа, пред се голем влог, затоа што зад себе имам веќе четири цд-а. Три се новокомпонирани песни, додека четвртото ми е со македонски стари изворни песни, а во подготовка е моето петто цд коешто ќе биде готово оваа година.-истакна Елена.

Јовческа вели дека за секој пејач и музичар има место на сцената и секој може да покаже како умее да работи. Според неа јавноста е таа која ќе оцени и ќе препознае да има квалитет кај некои поединци.

-Неможам да кажам за поединци за колеги никакво мислење, затоа што за секој на оваа земја има место. Има начин, има време и за секој ги има вашите 5 минути кадешто можат да се истакнат, да го покажат она што го имаат и се разбира да работата. Затоа имаме и различни цени, различни места и локали. Неможеме сите да работиме на исто место и затоа има повеќе места кадешто секој може да се истакне и да го покаже она што сака и што умее да го покаже.-додава фолкерката.

Таа вели дека во нејзините колеги не гледа конкуренција, напротив таа често соработува со поголемиот дел од македонската естрада, додавајќи дека секој си има различен стил на пеење и претставување пред јавноста.

Please follow and like us:
Pin Share