
Младата битолчанка Џесика Палашоска, најавува големо враќање на македонската музичка сцена со нова песна и спот, по малата пауза која ја имаше во изминатиов период. Таа во гостувањето на ИН продукција,
помеѓу другото се пофали и со новитет, односно нејзина соработка со шведската компанија “Стронгер” , бренд на спортска облека.

-Ми се случи интересна соработка со шведската компанија “Стронгер”, компанија која што е бренд за спортска обека. Ова е веќе втор пат каде соработуваме и веќе сме во подготовки за уште една соработка, така што сум како нивни претставник во Македонија, кој што го промовира нивниот бренд. Имав една фотосесија со нивните производи, штотуку дојдов од уште една фотосесија и се надевам дека ќе имам и трета, додава Џесика.
Конкретно станува збор за женска спортска опрема, хеланки и боди, нешто кое преку идеалните пропорции на Џесика прекрасно би се доловил моделот на компанијата кој ги нуди овие производи.
