Бананата испратен со банана торта

Please follow and like us:
Pin Share

Познатиот фолк пејач Гоце Птерески –бананата кој изминативе неколку денови престојуваше во приватна посета на родната Македонија, во кругот на најблиските пријатели и соработници од родниот Прилеп го прослави својот 44-ти роденден.

Посебна специфика на прославата остави големата торта со која Гоце е сликан во форма на банана, она по што е познат Гоце и надимакот кој го има.

Гоце на својот фејсбук профил изрази благодарност за преубавата помината вечер заедно со своите другарри и колеги со желба за повторни вакви средби.

 

-Благодарност до моите другари и колеги за преубавата вечер. Да сте ми живи и здрави и вака весели и расположени и на број да се гледаме, напиша на својот фејсбук статус Гоце.

Својот краток престој во Македонија, Гоце го искористи и за гостување во ИН продукција, каде најави бројни новитети на музички план.

Please follow and like us:
Pin Share