Стојне Николова го најавува првиот авторски албум

Please follow and like us:
Pin Share

Стојне Николова подготвува нов проект со препеани македонски народни песни, но и странски хитови. Таа го најавува и нејзиниот прв авторски албум, кој треба да излезе за скоро време.

Покрај настапите на фестивалите и големиот број ангажмани во земјава и надвор неа, Стојне Николова во моментов подготвува нов проект со народни македонски песни, но и преработки на странски хитови.

-Подготвуваме проект со народни преработени песни, со некои преработки и на странски песни. Подготвуваме и нови видео записи, имаме доста за работа во овој период.-истакна Николова.

Таа открива дека се работи на нејзиниот прв албум со авторски песни, а до завршувањето на истиот недостигаат уште една до две песни.

-Па се надеваме дека ќе бидат околу десетина, заедно со овие три песни коишто ги испеав во студиото на ИН и уште неколку. Некои од нив се веќе промовирани, а некои допрва ќе се работат.-додава пејачката.

Стојне додава дека песните кои се планирани да излезат за скоро време ќе бидат промовирани заедно со видео записи.

Please follow and like us:
Pin Share