“Респекти” со нови кавер верзии и уникатни видео записи

Please follow and like us:
Pin Share

Група “Респекти” со нов проект. Станува збор за неколку нови кавери, односно во живо отсвирени песни во нивни стил, а сега веќе направени преку видео снимка.

-Генерално ги направивме овие песни. Посебно значење нема. Има некои песнички  интересни навистина. Гледаме публиката она што го сака и повозрасните да ги опфатиме и помладите. Да не ги кажувам пред време публиката ќе може да ги види, кога ќе бидат готово, вели Даниел Сидовски, вокал на група “Респекти”.

Впрочем, станува збор за три сплетови од кои два македонски со одбрани песни и еден со песни многу добро познати од српската естрада. Овој видео проект се снимаше на повеќе локации во Скопје.

-Денеска сме тука во  ресторан “Наше место”, благодарност до нив. Претходниот пат снимавме тука за спотот “Пуста да е печалба”, така да и за овие кавери се пронаоѓаме тука, преубаво е местото.  Ќе се снима на неколку локации. Во скопска стаклара е прекрасно место за да доловиме еден друг тип, така помлад малку за другите песни, додаде Даниел.

Како уште една локација за снимањето на кавер верзијата од српските песни беше избрана дискотеката “Subway” во Скопје, која на максимален начин го долови она што “Респекти” го имаа замислено  на музички план. Нивните очекувања за овој проект е да биде добро прифатен од публиката и секако да биде баран и слушан.

Please follow and like us:
Pin Share