
По долгата посветена работа во текот на целиот зимски период македонскиот фолк пејач Христијан Божинов Кико, најавува наскоро издавање на нов албум, негово првенче како солист.
-Цела зима се работеше на еден проект на моето прво ЦД, значи прво ново ЦД под мое име. Претходните бе асо групи, груп а “Болеро” каде што бев член и сега под мое име ќе биде ова првенче, вели Кико.
Кико на ова негово самостојно ЦД се јавува и како сам автор на дел од песните, но открива дека има и нови досега неекспонирани авторски имиња.

-На ЦД-то ќе има 8 нови песни и како бонус ќе ги ставиме старите хитови “Погана”, “Тапан грми”ќе извлечеме и нешто старо па некаде ќе брои ЦД-то околу 13-14 песни. Многу текстописци нема така да одбрав некој талентирани што не се толку познати на јавноста. Така да има текстови од Иле Илиев , имам два –три текста од Билјана Точева од Струмица, два текста се мој. Аранжманите се повеќето на Александар каде што ги снимав и кај него во студио “Ѓорѓевиќ”. Еден има од мојот поранешен колега Фимчо Костов од “Болеро” еден аранжман, додава Кико.
Што се однесува до тематиката на песните од новото ЦД, Кико додава дека има љубовни, патриотски, печалбарски, со еден збор за сечиј вкус.
