Бројни ангажмани периодов за Билјана и Борис Димови со група Астрион

Please follow and like us:
Pin Share

Билјана и Борис Димови и група Астрион имаат голем број настапи низ земјава. Тие претежно свират на свадби и фамилијарни веселби, но не изостануваат и настапите низ рестораните во Струмица.

Бројни ангажмани и настапи периодов бележат Билјана и Борис Димови, заедно со група Астрион. Покрај свирките низ рестораните, нивната агенда е веќе полна со свадби и семејни прослави.

-Во овој период настапуваме во Хотелот Вила Парк-Струмица така почесто. Инаку, повеќе објекти посетуваме, а претежно свириме свадби, крштевки. Струмица тоа е секој ден скоро. Преполно е, сега засега сме задоволни дури можам да се пофалам дека веќе и за 2019-та се резервирани неколку датуми.-истакна Билјана Димова.

Група Астрион е составена од неколку искусни музичари, а Димови се презадоволни од соработката со овие момци.

-Со група Астрион сме повеќе од 5 години. Соработката е со нив е прекрасна, посебно како членови се прекрасни момци, добро се разбираме, секако се сложуваат, а од тоа поубаво нема.-додава пејачката.

Тие неодамна во соработка со ИН Продукција снимија видео проект со исклучиво македонски песни.

Please follow and like us:
Pin Share