Џељо Дестановски задоволен од прифатеноста на “Мерак зурла”

Please follow and like us:
Pin Share

Џељо Дестановски заедно со момците од Мулти бенд пред извесно време промовираа ново оро со наслов “Мерак зурла”. Џељо истакна дека е презадоволен од тоа колку е прифатено орото досега.

“Мерак зурла” е насловот на орото на Џељо Дестановски и Мулти бенд кое го снимија пред скоро три месеци. Џељо при неговото гостување во емисијата Промо истакна дека досега е задоволен од гледаноста и слушаноста на орото.

-Па не очекував дека ќе биде олку добра гледаноста и толку прифатено орото, не се надевав ама сепак многу сум задоволен, затоа што за краток период има доста гледаност и од тоа оро многу сум добил. Може да се каже и концерти и свадби и турнеи поради тоа оро сум договорил веќе, така да може да се каже дека сум презадоволен.-вели Дестановски.

Џељо соработува со поголемиот дел музичари од македонската естрада и често настапува на семејните прослави, а кога станува збор за неговата агенда, вели дека веќе е преполна со настапи.

-Агендата со настапи уште пред неколку месеци беше преполна. Си знае и нашата клиентела дека малку порано треба да не бараат затоа што да не испадне за фалење, ама од бараните сме.-додава тој.

Инаку, Џељо веќе шест години се занимава со музика, а ги негува македонските традиционални инструменти зурла и кавал.

Please follow and like us:
Pin Share