Фолк дивата Елена Велевска ќе пее на повеќе јазици. Таа деновиве во соработка со ИН Продукција ќе снима шоу во живо на кое ќе отпее неколку песни од соседството, но и светски познати хитови. Со ова шоу, Велевска на нејзината публика сака да и покаже дека покрај македонски може да пее и други јазици.
Елена Велевска подготвува нов проект. Имено, станува збор за нејзино шоу во живо на кое ќе пее на повеќе јазици, а публиката ќе има можност да ужива во нејзина изведба на познати светски хитови. Таа на шоуто ќе биде придружувана од скопската група Тандеми.
-Овој пат ќе направиме едно малку поинакво шоу коешто ќе биде со група Тандеми од Скопје. Ќе се пеат песни во живо и бидејќи многумина незнаат дека пеам на повеќе јазици, српски, грчки, португалски, индиски, ќе бидат опфатени во тоа шоу и мојата публика ќе дознае дека покрај македонски можам да пеам и на повеќе јазици.-истакна фолкерката.
Велевска воедно сака да го искористи она што го пласира ФОЛК Клуб ТВ, бидејќи таму има песни на повеќе јазици. Со оглед на тоа што секогаш гледа што сака публиката, таа за соработка на ова шоу ги одбра група Тандеми, бидејќи како што вели тие се доста весели и симпатични момци за сцена.
-Па онака ми беа симпатични момци, ми требаа некои поурбани ликови така да кажам, тие се млади, весели за сцена и мислам дека ќе оствариме еден убав проект и секогаш гледам тоа да биде она што најмногу го сака публиката, а нив ги сака и се надевам дека ќе сработиме нешто што ќе изгледа многу симпатично за око пред се, а и за уво за слушање.-додава Велевска.
Како и претходното нејзино Новогодишно шоу кое сеуште е доста гледано и барано од публиката, така и ова шоу ќе биде во соработка со нејзините долгогодишни соработници, ИН Продукција.