Голем проект најави Џесика Палашоска. Покрај подготовките за проектот, Џесика во март веќе е резервирана на настапи во Германија и Швајцарија. Истотака веќе е во преговори за концерти пред нашинците во прекуокенските земји.
Фолкерката Џесика Палашоска подготвува голем проект. Покрај ангажманите околу проектот, таа за годинава веќе има неколку закажани концерти надвор од нашата земја.
-Спремам нешто доста големо за 2018-та морам да откријам. Криев, криев, меѓутоа морам да откријам. Можам да кажам дека станува збор за поголем проект, секако дека во тоа ќе биде вклучена и ИН ТВ. Имам закажани настапи за март, мислам дека ќе бидам во Германија, Швајцарија. Летниот период исто ќе биде исполнет со ангажмани и веќе сме во преговори за други турнеи во прекуокеанските земји.-истакна Палашоска.
Џесика вели дека 2017-та година за неа беше една од најдобрите исполнета со голем број настапи, а годината дефинитивно и ја одбележа песната Една е Македонија за која сними и спот во соработка со ИН Продукција.
-2017-та беше една од најдобрите години можам да кажам, најдобро поминати со доста ангажмани. Така и ми започна со турнеја прво Канада, па Австралија, потоа Швајцарија, Италија итн, доста турнеи имав. Многу работно со нови песни, Една е Македонија, песната што мислам дека ми ја одбележа оваа година. Така да, доста работно, се надевам дека ќе ми се повтори и во 2018-та.-додава таа.
За соработката со ИН Продукција, Џесика вели дека е одлична додавајќи дека истата започнала уште од почетоците на нејзината музичка кариера.
–Си ја знаат работата и ги исполнуваат сите наши желби, се разбира дека со ИН продолжуваме заедно и понатаму.-додава пејачката.