Прилепчанката Елена Јовческа 6 години во соработка со ИН Продукција. Таа е презадоволна од таа соработка и вели дека дефинитвно истата ќе продолжи уште долг период. Најновоо кај фолкерката е подготовката на новиот албум кој треба да биде готово до крајот на 2018-та година.
Елена Јовческа презадоволна од соработката со ИН Продукција. Таа за јавноста открива дека нејзините почетоци се токму со ИН и дека нивната соработка трае веќе 6 години.
-За мене соработката е најдобра, одлична. Откако започна мојата кариера, веќе 7 години сум на сцената и сум заедно со ИН ТВ. Тие славеа 6 години, јас пеам 7. Што значи моето прво цд беше во 2012 година, точно 6 години соработка со ИН, откако постои се разбира.-истакна Јовческа.
Елена е позната по тоа што секогаш знае да ја изненади јавноста со нешто ново, без разлика дали станува збор за песна, спот и слично. Таа овој пат најави нов албум, на кој ќе има 15-тина нејзини најбарани песни, како и микс од други македонски хитови.
-Моето 5-то цд. 2018-та ќе имам цд за кое што ќе спремам дефинитивно промоција затоа што ќе биде 5-то и ќе биде “The best of Elena Jovceska” на која што ќе бидат поканети многу телевизии и сите мои колеги коишто ги сакам, ме почитуваат и ги почитувам.-додава фолкерката.
Јовческа за периодов најави снимање на уште еден спот. Нејзината нова песна “Замка”, ќе добие свое видео кое секако ќе го работи ИН Продукција.