Благојче Стојаноски Туше периодов стациониран со настапи во Македонија

Please follow and like us:
Pin Share

Се покажа во вистинско светло на големата свадба како кум кај својот колега Ташко Каранфилоски, мега популарниот Благојче Стојаноски Туше направи незаборавни свадбени моменти. Сепак неговите постојани ангажмани продолжуваат и понатака, особено во престојниот летен период, Туше е со полни раце работа.

-Периодов ќе б дам стациониран во Македонија, тука помеѓу Ресен, Охрид, Битола, Прилеп. Почетокот на септември заминувам за Данска на концерт, од Данска директно заминувам за Австралија, две недели и се враќам во Македонија. Тоа е сега за почеток. За Нова година ќе бидам сигурно во Австралија. Ташко сигурно ќе пее за Нова година таму, дај Боже да добие виза, значи договорот е паднат. Ќе доаѓа Ташко со мене за Нова година. Визата ќе биде само проблем, ако може тоа така да го наречам, но да ја добиеме визата и се  е договорено, истакнува Туше.

Помеѓу бројните негови хитови, Туше и понатака најавуа снимање на нови музички парчиња, во различен весел стил, она што впрочем го бара публиката од него.

 

Please follow and like us:
Pin Share