Фолк пејачката Елена Јовческа при гостувањето во ИН Продукција ја најави соработката со нејзиниот колега Џељо Дестановски. Станува збор за инструментално дело на кое што Џељо ќе ја свири познатата зурла, а Елена нејзината гајда.

Елена Јовческа периодов работи со полна пареа. Изминативе денови промовираше два спотови за песните “Не ме допирај” и “Ајде бато”, кој се во соработка со ИН Продукција. Покрај новите песни кои што ги подготвува за новото цд, таа за следниов период најавува и соработка со познатиот виртуоз на дувачки инструменти Џељо Дестановски.
-Ме знаат сите како Елена гајда и веќе имаме во план со мојот драг колега Џељо, да снимиме заедничко дело, тој ќе свири на зурла, јас на гајда. Проектот е направен, уште треба да се сними. Каснам малку, а не сум ни била кај вас бидејќи се спремаат веќе 4 нови песни и едно оро. За тоа навистина треба посветеност и време, така да гајдата не ја заборавам и не смеам да ја заборавам никако.-истакна Јовческа, при неодамнешното гостување во ИН ТВ.

Елена планира да направи достојна промоција на нејзиниот нов албум, а на истиот ќе се најде и преработката на песната “Машала”, без која како што вели не поминува ниту еден нејзин настап.
-Сакам да направам промоција на моето 5-то цд, затоа што навистина вреди. На тоа цд ќе биде и преработката на Машала, но таа песна почна да живее и ја пеам на сите мои настапи. Така да, размислувам за таква голема промоција, па ќе видиме со Господ напред.-додава таа.
Кога станува збор за настапи, нејзината агенда за летниот период е веќе полна со ангажмани најчесто на фамилијарните веселби.
