Божидар кој има голема љубов кон музиката најавува нов летен хит

Please follow and like us:
Pin Share

Битола како град е исклучително богата почва со голем број музички имиња. Едно такво релативно младо музичко име е и Божидар Николовски кој при гостувањето во нашето студи , публиката имаше можност да открие бројни информации и да се запознае со него. Како младо музичко име кој нецела година другарува со музиката, тој успешно чекори во муичката естрада, а бележи и бројни соработки со бројни музички имиња.

-Битола навистина изобилува со музички таленти, но дали имав прилика да се запознаам со некого, не, бидејќи повеќе никој нема. Дали сум имал прилика да настапам во некој локал и тоа не, бидејќи и тоа веќе го нема. Навистина ми е жал што морам да го кажам ова за својот град, но навистина Битола полека изумира. Незнам која е причината поради тоа, но навистина е тоа така и навистина ми е многу жал, бидејќи наместо твојот град да биде оној кој што ќе те поддржи, токму обратното се случува. Сите се трудат да ти ги скратат крилјата. Не знам поради која причина но тоа е реалноста, додава Божидар.

Божидар кој посебно ја негува музиката, најавува дека ќе настојува да се надоградува на музички план а со тоа пред публиката да се претставува со убави музички дела. Покрај неговите две песни кои ги има досега а за едната има и видео запис, Божидар веќе најавува снимање и на трет сингл во урбан звук, и како што додава ако даде Господ може да стане некој летен хит.

Please follow and like us:
Pin Share