Се покажа во вистинско светло на големата свадба како кум кај својот колега Ташко Каранфилоски, мега популарниот Благојче Стојаноски Туше направи незаборавни свадбени моменти. Сепак неговите постојани ангажмани продолжуваат и понатака, особено во престојниот летен период, Туше е со полни раце работа.
-Периодов ќе б дам стациониран во Македонија, тука помеѓу Ресен, Охрид, Битола, Прилеп. Почетокот на септември заминувам за Данска на концерт, од Данска директно заминувам за Австралија, две недели и се враќам во Македонија. Тоа е сега за почеток. За Нова година ќе бидам сигурно во Австралија. Ташко сигурно ќе пее за Нова година таму, дај Боже да добие виза, значи договорот е паднат. Ќе доаѓа Ташко со мене за Нова година. Визата ќе биде само проблем, ако може тоа така да го наречам, но да ја добиеме визата и се е договорено, истакнува Туше.
Помеѓу бројните негови хитови, Туше и понатака најавуа снимање на нови музички парчиња, во различен весел стил, она што впрочем го бара публиката од него.
