Пејачката Маја Оџаклиевска после скоро две и пол децении снима нов албум. Иако рекла дека повеќе нема да снима, Оџаклиевска со помош на кантавторот Срѓан Марјановиќ вредно ги завршува песните за албумот кој некогашен „Југотон“, а сега „Кроација рекордс“ ќе го објави на два диска. На еден ќе бидат нејзините стари хитови, а на вториот новите композиции. Една од нив е „Песочен часовник“ за која Марјановиќ вели дека е „негова и на Маја вистина и судбина“.
„Сите велите дека сум должна уште убави песни. Ете, Срѓан и јас се потрудивме да ги потсетиме генерациите дека може да се старее и со спомени кои разведруваат, на момент да го откриеме фактот дека одиме угоре и да го гледаме светот преку ѕвездите“, влеи Маја.
Пејачката која ја обожуваше цела Југославија, за половина век кариера објавила само два албуми. Кон крајот на деведесеттите решила да ги заборави големите југословенски турнеи и повеќе да им се посвети на децата и работите кои немаат допирни точки со музиката. Им помагала на многу поп пејачки, а особено на Маја Николиќ преку часовите по пеење да го развие гласот.
На музичката сцена Маја Оџаклиевска и подари хитови кои и денес се слушаат и пеат по музичките натпреварувања, а меѓу нив се “Budi dobar kao što sam ja”, “Srećo reci”, “Daljine”, “Sve ti opraštam”, “Amore mio”…
Во 2004. година Маја се вратила со песната „Анатема’ и учествувала на Радискиот фестивал во Белград, а четири години подоцна снимила дует со црногорскиот кантавтор Славен Кнезовиќ и со песната „Ружа увела“ настапила на „Сунчане скале“. Снимила и дует со Никола Буровац, „Украдени бакнежи“, но Маја и понатаму не сакала да се посвети на снимањето албум и на кариерата. Учествувала во само една ревијална шоу програма.
Пејачката со раскошен глас истакнува дека не се снашла во новиот музички бран и дека турбо фолкот не е правецот кон кој тежнее. На медиумите им открила дека е посветена на својот внук и ќерките.
