Туше одкрива која е атрактивната девојка во неговиот спот “Прашај ги свирапите”

Please follow and like us:
Pin Share

Во неодамнешното гостување во ИН продукција Благојче Стојановски Туше ни откри повеќе информации околу последниот видео запис што го направи за песната насловена “Клета судбина” и реакциите од страна на македонците кои живеат во Австралија. Тој изјави дека реакциите се позитивни од страна на публиката.

-На последните неколку мои настапи ја изведив таа песна. Доста добри реакции има од страна на публиката, песната е доста барана. Тие прашиваат околу тоа кој ја напишал песната и каде е снимен спотот,изјави Туше

Покрај видео записот за песната “Клета судбина” имавме шанса да дознаеме повеќе околу актерката што беше во видео записот за песната “Прашај ги свирачите” кој беше снимен пред 10 години. Туше изјави дека таа е доста барана на Австралискиот и Америчкиот пазар, дека настапува на доста познати настани.

-Тоа што го знам, можам да кажам дека девојката е доста арактивна. Таа е барана на австралискиот и америчкиот пазар. Настапува на разни рели натпревари, на доста боксерски натпревари. – изјави Туше

Надвор од официјалниот разговор Туше ни одкри дека девојката од спотот била одбрана од страна на неговата жена.

Please follow and like us:
Pin Share