Битолските “Екстра бенд” при неодамнешното гостување во ИН продукција низ разговорот ни открија повеќе детали од нивната заедничка америчка турнеја која има траеше три месеци. Тие пред се се задоволни од поминатото време во оваа далечна земја, како и од гостопримството но и настапите кои ги имале со македонците во Америка.
-Поминавме супер. Од моја страна ќе кажам дека тоа беше едно супер искство. Супер заедничко дружење. Три месеци не се мал период за да се запознаеме добро, да работиме заедно. Убаво го поминавме нашето време таму, се прошетавме. Имаме многу нови искуства, нови познатства и едвај чекаме пак да ги обновиме со некоја идна средба, истакнува Јована.

За тоа што повеќе било барано од музичкиот репертоар на нивните настапи во Америка, како и свои впечатоци истакна Дејан, вокал на “Екстра бенд”.
-Преовладува македонската музика, но сепак ние не настапувавме само кај македонците, бележевме настапи и во босански ресторан. Настапувавме во еден македонски ресторан во кој што клиентелата е малку од нашите северни соседи од Србија, каде што преовладува малку и другата музика од екс ју просторите, додава Дејан.
По кратката пауза која изминатиов период ја имаа “Екстра бенд” тие веќе на голема врата се враќаат повторно на музичката сцена каде за брзо време најавуваат новитети и секако нови авторски песни.
