Гостиварскиот крај изобилува со стари и поздаборавени песни, постои можност да преработиме некои, истакнува Драган од “Фаворити бенд”

Please follow and like us:
Pin Share

Долго време се застапени на македонската музичка естрада и во голема мерка ја негуваат исклучиво македонската народна песна. Групата “Фаворити” од Гостивар, се повеќе оставаат зад себе песни кои ја одбележуваат нивната кариера. Со самото тоа што доаѓаат од Гостивар , место кое важи за исклучително богата музичка ризница, тие имаат и некои преработки на стари изворни песни но не ја исклучуваат и можноста да направат нови преработки на уште постари и веќе речиси подзаборавени песни.

-Ние во една прилика на почетоците, првите неколку години, направивме некои сопстввени аранжмани на песни што се третираат како гстиварски песни. Песната “Ајде чиво ли е она девојче”, која е доста позната мислам дека прв на тонски запис ја има ставено покојниот Трифко Милошески од мавровскиот крај, татко на Златко Милошевски, печај од Скопје. Ние ја препеавме песната во некој аранжман, “Река гази малој моме” од галичкиот крај е таа песна и неа ја препеавме и многу ги свириме, нема свадба каде не се свират тие песни. Овие песни се ставени и пред нас на носач на звук , но ние ги обработивме во кавер но не беше добро технички снимено и  останаа некој период и ги повлековме. Може уште нешто да се извади од тие изворни стари песни. Не сме се зафатиле, ама има логика дека тоа е добра идеја, истакнува Драган Матески, член на групата “Фаворити” од Гостивар.

Неодамна тие направија уште еден таков проект во соработка со ИН , за еден музички проект со одбрани песни кои имаат свдбарски призвук.

Please follow and like us:
Pin Share