Победникот на „Пинкови ѕвездички“, шестгодишниот Љуба Станковиќ го освои регионот со својот талент за музика и својата харизма. Уште од првото појавување на сцената, многумина му предвидеа успешна кариера.

Со неговата изведба на „Бато“ од македонската поп пејачка Калиопи го воодушеви жирито, но самата и Калиопи. Букле периодов е во Будва каде што има настапи, а на eден настап на сцената се појави и малиот Љуба.
Тие заедно ја отпејаа песната „Бато“, а дел од изведбата Калиопи ја сподели на Инстаграм.
