
Долго време е на македонската музичка естрада а бележи бројни хитови кои и денес се препејуваат од помладата генерација. Особено остана највпечатлива по нејзиниот најголем хит , песната “Аце, Аце” , битолчанката Татјана Лазаревска која изминативе години живее и работи со совето семејство во далечната Австралија има и бројни дуетски песни.
-Со Горан Тодоровски “Сказна љубовна” прекрасна песна на Валандово која освои и награда, дует со Миле Кузмановски “Гордост македонска”, дует со групата “Модус” од Битола, дует со Елена Велевска “Двете не мами”, прекрасен новитет беше во тоа време, кога никој не правеше таков стил на музика ние храбро излеговме со тој така малку провокативен спот. Има уште други, иако добивав понуда за дуети и со други колеги, меѓутоа некако така смислено си ги бирав дуетите, затоа што мислев дека тоа треба така да биде. Сепак сум јас соло пејач кој што треба повеќе да си ги афирмира своите соло песни, што не значи дека и дуетите треба да постојат во мојата кариера, истакнува Татјана.
Татјана е посебно горда на сите нејзини дуети и како што вели секогаш ги пее на нејзините настапи.
