Мартин Стојаноски во студиото на ИН продукција сними видео за неговите најнови кавери. Станува збор за песните “Ти мене не волиш” од Осман Хаџиќ, “Песме моје” од Тома Здравковиќ и “Капки љубов” од група Фонтана.

Три нови кавери сними Мартин Стојаноски во студиото на ИН Продукција. Мартин во емисијата “Промо” истакна дека песните ги одбрал со помош на публиката бидејќи станува збор за некои од најбараните песни на неговите настапи.
-Овојпат снимивме три кавери, сакавме со нешто да ја изненадиме нашата публика која не следи на нашите настапи. Станува збор за кавери на песните “Ти мене не волиш” од Осман Хаџиќ, “Песме моје” од Тома Здравковиќ и “Капки љубов” од група Фонтана која е една од подобрите во Македонија и затоа ми чест и задоволство. Го поздравам Николче Мицески кој што ми дозволи да ја испеам таа песна.-изјави Стојаноски.

Како што вели Мартин, каверите ги снимил за краток период, бидејќи се отпеани и отсвирени во нивни стил.
–Мислам дека успешно ги сработивме и дека ќе и се допаднат на публиката. Очекувам да бидат прифатени и да добијам позитивни коментари и комплименти во врска со тие кавери како и секогаш, ние музичарите си очекуваме позитивни, но прифаќаме и негативни коментари за да се подобриме во секој случај.-додава тој.
Инаку, Мартин периодов е доста ангажиран на семејните прослави, а не изостануваат и настапите низ локалите, најчесто во неговиот роден град Прилеп.
