
На почетокот експериментирав со песните и стиловите но потоа го пронајдов својот стил на музика, вели младиот музичар кој веќе 12 години е на македонската сцена Спасе Матлијоски. Впрочем, како што додава неговиот музички правец е детерминиран од самата публика која ги барала изворните песни на неговите настапи.
-Можам да кажам дека не снимам по секоја цена колку да се снима песна. Ако не најдам добра песна и нема да снимам и за тие години можеби немам многу песни снимано, но има некои хитови кои се барани меѓу народот. На почетокот малку и експериментирав со песни и стилови но со созревањето и годините си го прронајдов правиот стил, вели Спасе.

Зад себе Спасе има еден албум од свои песни , а не ја исклучува можноста за создавање на нов втор албум. Инаку во летниов период Спасе е најбаран во охридско струшкиот регион на речиси сите слави и селски веселби.
