“Ти си за мене” е победничка и нејзина препознатлива песна

Please follow and like us:
Pin Share

Публиката најповеќе ја памети и препознава по песната “Ти си за мене”, која ОливераВасилевска  ја отпеала на еден наш фестивал и ја добила првата награда. Младата швеѓанка со македонско потекло која долго време живее и рааботи во Шведска, во периодов кој следи се подготвува за нејзината прва австралиска турнеја. Но при гостувањето во ИН продукција Оливера откри како стана препознатлива со песната “Ти си за мене”.

-Таа година бев на “Летен хит” и освоив прво место со песната “Ти си за мене” која стана хит. Доста ја знаат во Шведска, македонци, срби, вели Оливера.

Притоа не го крие фактот да истакне и тоа дек македонската песна е доста барана во Шведска каде што Оливера живее, студира и работи.

-Македонската песна е многу барана. Многу свирам на босански, српски забави и македонската песна е секогаш барана. “Јовано, Јованке”, “Македонско девојче” и многу други македонски песни, додава Оливера.

Младата Оливера годинава ќе отпатува на австралиска турнеја која ќе биде во придружба со групата “Тандеми” при што деновиве одработија и заеднички проект кој ќе им биде носечки најавената турнеја во Австралија.

Please follow and like us:
Pin Share