
Битолската група “Милениум” бележат огромно задоволство од минатогодишниот проект кој го реализираа а носеше еден специфичен наслов “Нишка љубовна со низа ноти проткаена”. Како што велат задоволни се од реализиарното со оглед на тоа што е доста гледано и барано од публиката.
-Со оглед на тоа што тој проект на социјалните мрежи активно врти има доста посетеност, гледаност, ние првично сме задоволни што ете со ваша соработка и покриеност го реализиравме. Очекуваме и наредни соработки и проекти, вели Златко до групата”Милениум”.

Од “Милениум ” додаваат дека пред нивната австралиска турнеја која ќе биде од 2 октомври ќе го издадат и нивното врото ЦД, при што публиката ќе може да ужива и понатака во нивните нови песни. Инаку австралиската турнеја на групата “Милениум” од Битола ќе биде заедно со доајенот на македонската народна песна Ефто Пупиноски.
