
По песната “Гурбет” за која групата Тандеми снимија видео запис на почетокот од оваа годинава во соработка со ИН продукција, сега веќе тие имаа нова песна.
-Имаме нова песна се вика “Не барај ме”. Таа е позабавна од Боби од групата Нон Стоп гитаристот, негов е текстот и музиката. Не е сеуште снимена ептен е тазе. Подготвуваме уште една исто така забавана песна. Значи после “Гурбет” ние одиме од крјност во крајност. Напиот стил секогаш бил таков, секогаш сме мешале. Инаку и ние ќе правиме кавери. Најпрво да завршиме со Оливера па потоа ќе снимаме седум или десет песни , како ќе ни дозволи времето бидејќи и ние сме преоптоварени, истакнува Горан од Тандеми.

Инаку во периодов Тандемци се најповеќе барани со бројните веселби и свадби, како и со низа работни ангажмани. Паралелно со тоа како што велат ќе ја подготуваат и заедничката турнеја со Оливера Василевска, со цел да се претстават пред нашинците од дијаспората во најубаво позитивно светло.
