Дали го погледнавте и дали ви се допадна видео записот од Влатко Мелбурн Гајда, насловен “Сирулска гајда”?!

Влатко Велјаноски, добропознат во јавноста како Влатко Мелбурн Гајда, деновиве го промовира видео записот за неговото најново музичко остварување, кое е насловено Сирулска гајда.
Видеото се снимаше на прекрасни локации во Маврово, а во соработка со ИН Продукција.
