Елена Велевска подготвува песна за “Крштевка”. Покрај нејзините големи хитови “Куме Заиграј” и “Невеста”, Елена одлучи дека е време за уште една свадбарска песна за која верува дека ќе биде хит.

Елена Велевска неуморно работи на снимање нови песни. Таа важи за уметник кој секогаш знае да направи добар хит, без разлика за каков стил на музика станува збор. Во моментов работи на нова песна за “Крштевка”, која ќе излезе за скоро време.
-Оваа песна можеби лежи во мене да кажам две години се додека не дојде прав момент за да ја извадам. Текстот навистина излезе феноменален бидејќи се додека не дојде на место до секој збор, јас сум голем перфекциониста за таа работа и сакам сите детали да се онаму кадешто му е местото, така и во текстовите, оваа недела треба да влезам во студио и да ја снимам песната, и мислам дека ова што сега ќе излезе, ќе го доживее истиот успех како што го имаше “Куме заиграј”.-истакна познатата фолк дива.

Елена вели дека го знае пулсот на нејзината публика и знае колку често се прават свадбени прослави, веселби, крштевки и какви песни поминуваат кај нив, додавајќи дека најголемиот успех го доживеала со песната “Куме заиграј”.
-Искрено да ви кажам дека најголемиот успех според мене го доживеав со песната “Куме заиграј”, бидејќи ако погледнеме на јутјуб ќе видиме дека има најмногу кавери од голем број музички групи е отпеана песната, многу е барана и не поминува свадбена веселба без “Куме заиграј” на коешто дело навистина сум горда бидејќи е моја идеја, мое остварување, мој текст и моја музика. Воедно и песната “Невеста” јас сум автор и на таа композиција и мислам дека покрај овие две песни сега е време да се испее една песна за Крштевка.-потенцира Велевска.
Модерните песни може да поминат во клуб, вели таа додавајќи дека настапите по клубови не се многу чести, а дефитивно поголем фидбек има од народните и свадбарски песни.
–Секогаш треба да се направи баланс и да се види од која музика има поголем профит.-додава Елена при интервју за ИН ТВ.
