
Пејачката Јелена Карлеуша вети дека ќе трча гола до Русија доколку српската репрезентација успее да го победи Бразил и се пласира во осминафиналето од Светското првенство во фудбал, но ќе нема шанса да го
исполни ветеното. Бразилците рутинирано славеа со 2-0 (1-0) со головите на Паулињо и Силва и се пласираа на првото место од групата Е. Во вториот меч од групата, Швајцарија и костарика ги поделија бодовите, играјќи 2-2 (1-0). Швајцарците се втори и во следната фаза ќе играат против Шведска, додека популарните „кариоки“ ќе ги одмерат силите со Мексико. Србија го заврши настапот на првенството со една победа и два порази и гол разлика 2-5.
