После паничната вест, Зуица тврди дека Наум се откажал од риболовот?!

Please follow and like us:
Pin Share

Големата панична вест која беше пласирана пред една недела со исчезнувањето на јахтата во која беше големото македонско музичко име Наум Петрески и негови блиски пријатели при ловењето риби крај

австралиското тло, предизвика лавина реакции. Најдобро за тоа кажува, односно ја опишува целата ситуација сопругата на Наум, Зуица која покрај екслкузивната изјава дадена за ИН телевизија на самиот ден на случката, повторно, овојпат пред камерата на ИН телевизија го опишува настанот.

-Се случи една конциденција да сите беа недостапни така што не можевме ни да ги добиеме и се крена навистина една паника , но по кратко кога беше и отстранет дефектот успеавме да ги контактираме , да ни кажат дека безбедно се вратиле, меѓутоа беше една навистина непријатна ситуација, вели Зуица пред објективот на ИН телевиизја.

Таа додава и тоа дека околу подготовката на уловените риби учевствувала и самата таа.

-Таму каде што сме сместени кај нашите пријатели Љупчо и Јагода ги однесовме , дел кај нас. Јас ги чистев, Јагода ги спремаше , а Наум само ни ги донесе онака и си легна да одмара, бидејќи беше многу изморен од нивниот фамозен риболов, така што ако слушнете дека Наум се откажал од риболовот, да знаете зошто ќе биде тоа откажување. За тоа повеќе ќе ги прашате Ване и Винци, додава Зуица.

Повеќе детали околу откажувањето на Наум од риболовот, секако дека ќе почекаме уште за кратко додека заврши нивната турнеја па најверојатно и ќе дознаеме повеќе детали како од споменатите така и директно од самиот Наум.

Please follow and like us:
Pin Share