Фолк сцената доби уште едно силно и автентично музичко остварување. Пејачката Благицa Валејаноска-Колева официјално го промовираше видеозаписот за својата најнова песна „Блажо мејанџијата“, проект што уште од првото прикажување предизвика голем интерес кај публиката.
Видеоспотот е реализиран во срцето на Прилеп, во познатиот ресторан „Македонска куќа“, локација која со својот традиционален амбиент и автентична атмосфера совршено се вклопува со духот на песната. Во снимањето учествуваа и неколку статисти, кои дополнително ја збогатија приказната и му дадоа живост и динамика на видеото.
Целиот проект е реализиран во продукција на ИН Продукција, која и овојпат испорача визуелно квалитетен и емоционално силен видеозапис, достоен за македонската фолк сцена. Секој кадар зрачи со традиција, топлина и македонски мелос, а Благице уште еднаш докажа дека знае како да ја пренесе емоцијата директно до публиката.
Видеоспотот денес премиерно беше прикажан на сателитската телевизија ИНТВ, каде што гледачите за првпат имаа можност да го видат целиот визуелен и музички концепт. Реакциите не изостанаа – коментарите и позитивните впечатоци веднаш почнаа да се редат на социјалните мрежи.
Со „Блажо мејанџијата“, Благице Валејановска-Колева уште еднаш потврдува дека останува доследна на македонската традиционална песна, но и дека знае да ѝ даде современ израз што допира до сите генерации. Оваа песна и видеозапис сигурно ќе најдат свое место на веселбите, славите и музичките програми низ земјава и дијаспората.
