Популарниот пејач Тоше Ангелeски, кој го паметиме по неговите хитови на поп сцената, оваа година направи голем пресврт во својата музичка кариера. Тоше сега успешно плови во фолк водите, најавувајќи цел албум полн со нови песни, како и неколку спектакуларни спотови кои веќе предизвикуваат големо внимание кај неговите фанови.
Фановите ќе имаат можност да го слушнат и видат Тоше на неговите настапи низ Македонија – од Охрид, Струга, Штип, Делчево, па се до главниот град Скопје. Познат по својата харизма и енергија на сцената, Тоше не изостанува ниту од телевизиските екрани, како чест гостин во емисиите „Мерак Меана“ и „Имат Немaт“, каде редовно ги забавува гледачите со своите изведби.

Со овој нов музички правец, Тоше Ангелоски не само што покажува дека може да се адаптира и да ја освојува публиката во различни жанрови, туку и дека неговата музичка енергија и креативност се неисцрпни. Очекувањата се големи, а фан базата е подготвена за новата музичка експлозија која ќе го обои македонскиот музички простор оваа година.
