Од Делчево , Радовиш, Скопје до Охрид

Please follow and like us:
Pin Share

Кога се има желба не постои сила што ќе ги спречи натпреварувачите во македонското талент шоу да дојдат во студиото на ИН Продукција и да  го покажат својот талент. Точно 660 км има од Делчево до Охрид и назад, кои не му беа пречка на Лоренцо Трајановски со неговата сопруга и пријателите да дојде на снимањето на уште една интересна емисија од третета сезона на единственото шоу во Македонија на кое се пее на македонски јазик. 49 годишниот пожарникар од Берово кој е вљубеник во олдтајмерите со кои ја пропатувал Европа долж и попреку, основач е на олдтајмер клубот “Кралеви на патиштата” . Клубот  постои 8 години , а Лоренцо има 20 автомобили кои одамна го извозиле своето секојдневие, но се уште се живи и функционални. Добитник е на општинската награда за афирмација на Делчево во Македонија и во светот. Со неговите колеги вљубеници во старите возила има набавено опрема за ПП единица во која работи, меѓу што и 2 возила, цистерни за гаснење пожар. Музиката ја сака од дете, со ќеиф пее но  и работи на внатрешно и надворешно уредување на објекти. Од Радовиш во најновата емисија дојде младата Анастасија Крстева која е ученичка во училиштето “Никола Карев”. Музикална, весела,  ја сака песната, дружењето и сонува еден ден пеењето да биде нејзиниот професионален повик. Третиот натпреварувач и е добро познат на публиката која го следи македонското талент шоу. Андреј Грковски 19 годишник од Скопје кој беше финалист во втората сезона на македонското талент шоу. Глас кој плени, момче кое ја сака песната и музиката, и може да ги испее и најтешките песни.Тоа го покажа во многу емисии и еве го повторно во музичката трка и оваа сезона. Лани беше матурант, а сега е студент на Економскиот факултет во Скопје. Новата емисија премиерно оваа сабота на ИН ТВ, од каде што најавуваат за скоро почеток на вториот круг.

Анастасија Крстева

Лоренцо Трајановски

Андреј Грковски

Please follow and like us:
Pin Share