Постојат песни на кои времето не им носи заборав, една од нив е и “Жаклина” која ја знаат сите генерации. За прв пат изведена во 1990 година го понесе епитетот “Хит на годината” и со право. Цане Николовски и групата Елита и дадоа век на “Жаклина”. Работеа, настапуваа а потоа секој по својот пат. Патот го однесе Николовски во Аликанте во Шпанија. Во од 2004 година ја напушти Македонија но не и музиката. Овој плоден музичар , пеач , флејтист во Шпанија го смени музичкиот правец, за да се адаптира на ташомната публика. Веќе 20 години работи како професионален артист со ангажман во многу локали и ресторани во Шпанија. И понатаму снима албуми од различни музички жанрови. До сега има реализирано 34 албуми и останува неуморен творец. Околу новогодишните празници беше во својата родна Битола . На покана на ИН продукција гостуваше во македонското талент шоу. Како член на жири комисијата и не можеше а да не ја испее вечната “Жаклина”. Имиџот на Цане е многу променет , публиката во студиото на ИН ТВ не го ни препозна , но кога тргна “Жаклина” аплаузот не застана.


tu.be&ab_channel=Folkclubtv
