За Бадниковата вечер македонското талент шоу со уште една емисија за душа

Please follow and like us:
Pin Share

На празникот кој ги собира членовите на семејството на Бадниковата вечера во исчекување на расосната вест, ИН Продукција Ви нуди музика која ќе Ви ги стопли срцата. Музички аператив отпеан од финалистите од претходната сезона. Рефрени кои се незаборавни, песни кои не враќаат во некои дамнешни и блиски времиња, пеејќи за љубовта, меракот, животот. Во Бадниковата емисија на ИНТВ ќе ги слушнеме и видиме младите таНа празникот кој ги собира членовите на семејството на Бадниковата вечера во исчекување на радосната вест, ИН Продукција Ви нуди музика која ќе Ви ги стопли срцата. Музички аператив отпеан од финалистите од претходната сезона. Рефрени кои се незаборавни, песни кои не враќаат во некои дамнешни и блиски времиња, пеејќи за љубовта, меракот, животот. Во Бадниковата емисија на ИНТВ ќе ги слушнеме и видиме младите таленти Сијче Трајкова, Теодор Богојевски , Борче Бегоски, Благојче Тодоровски, Ѓоко Чеменкоски, Кристијат Петровски, Немања Денчиќ , Благица Велјаноска, Нурбен Шерифоски, Нурим Фератоски, Дејан Стојаноски , Емилија Крстевска, Андреј Грковски, Ангел Димитриоски. Како и момчињата од групата која е дел од третата сезона на македонското талент шоу “Охриѓанчиња”. Премиерно емисијата ќе оди во сабота во 14.10 на ИН ТВ. Веднаш потоа и на 20 ТВ станици ширум Македонија. Како што информираат од ИНТВ веќе од следната сабота, ,13 јануари ќе се емитуваат редовните емисии од третата сезона на македонското талент шоу. Во неа за прв пат ќе ги видиме најмалите натпреварувачи. Екипата на македонското талент шоу на сите свои гледачи им посакува убав Бадник и среќен Божиќ.

Please follow and like us:
Pin Share