Пејачот Жељко Јоксимовиќ и водителката Јована Јосимовиќ се заедно цели 14 години, а во бракот имаат и три деца.
Нивната љубовна приказна започна во 2008та година, а се запознаа службено како водителски пар на домашната „Евровизија“. Одтогаш важат за еден од најскладните парови на балканската сцена.
Но како и во секоја долга врска или брак, и тие имале искачувања и падови. Па овојпат за прв пат проговорија за периодот кога биле пред развод.
Имено, по 3 години врска, и само две недели откако тој ја запроси, Јована излезе во јавноста со информацијата дека се разделуваат, а како причина го наведе тоа дека нивната љубов сама згаснала и повеќе немале чувства еден за друг.
Сепак, по само два месеци од раскинувањето, она што го нарекоа згасната љубов, испадна дека е пламен,кој успеа да им одолее на сите предицзвици и притисоци.
Денес парот си живее среќно и хармонично и се чини како да им „цветаат ружи“ и приватно и службено и на двајцата.
