Ѓоко Јовиќ е е еден од нашите најпознати фолк-пејачи, омилен во Македонија и во дијаспората. Освен поради убавиот глас и песните, му се восхитуваат и поради тоа што го вреднува семејниот живот.




Јовиќ е татко на четири деца. Во една прилика, тој за својата музика рече:
-Кога станува збор за, условно кажано, песните со кои почнав да ја градам својата кариера, на публиката ѝ подарив три албуми за кои, морам да бидам нескромен и да кажам дека беа одлично прифатени од публиката.




Оваа објава е всушност една од моите животни желби, да промовирам албум со поп композиции кои мене ми се особено драги.
Публиката има свои побарувања, нам ни останува да ги задоволиме потребите, во што се надевам дека успеав. Следејќи го развојот на музиката, сфатив дека е дојден вистинскиот момент за да го реализирам мојот сон.




Трендот не знае да чека и мислам дека поп музиката е една од најактуелните во моментов на нашите простори, па затоа се одлучив за промени.
Тоа не значи дека ја потценувам народната песна, но ете, тоа беше мојот сон, а соништата заслужуваат да бидат остварени.





Велат дека си онолку среќен колку што народот те поддржува и почитува, а морам да признаам дека мојата публика има огромно срце и будно ги следи моите настапи. Тоа се главно луѓе кои си ги сакам од душа, а таа љубов и почитта се заемни.




Меѓу тие луѓе има и личности кои ми се особено драги и на кои сум им помогнал без да чекам нешто за возврат, бидејќи сметам дека Бог е подготвен да ти помогне и да те сака онолку колку што ти не можеш ни да замислиш.
Затоа треба и ние да ги сакаме другите и да им помагаме. Бог постои во сите нас. Ние го вреднуваме и му даваме живот со тоа што ќе помогнеме некому, а тој ќе ни врати со поголема добрина. Бог е љубовта во нас.




Сум помагал на луѓе кои немале ништо, сум помагал и на оние кои имаат многу. Не ги делам луѓето по тоа кој колку има. Едноставно ги почитувам оние што ме почитуваат, и секогаш сум тука за нив“, рече Јовиќ во Женски маагзин.
Тој додаде дека потекнува од Валандово и во минатото неговите родители се занимавале со земјоделие- со нижење тутун. Ѓоко рече дека и тој го работел тоа, и вели дека знае колку е тешко и затоа ги цени луѓето кои ја одржуваат во живот таа земјоделска култура.




Јовиќ изјави дека не се срами да зборува за неговото минато и секогаш е подготвен повторно да работи тоа. Ѓоко Јовиќ пред неколкумесеци, на крајот на октомври минатата година по четврти пат стана татко. Неговата сопруга Ивана на свет донесе уште едно машко дете.




По повод раѓањето на новиот наследник, пејачот Ѓоко Јовиќ во еден познат ресторан во Скопје ги собра своите најблиски пријатели и направи забава за паметење.
Се разбира, на забавата највесел бил тато Ѓоко. Во едната рака чашката, во другата микрофонот, тој ги забавувал неговите гости до доцна во ноќта.




Ѓоко Јовиќ во емисијата Магазин на Сител зборуваше дека дома му е весело откако му се роди четвртото дете. Познатиот фолк пејач рече дека во овој период повеќе седи дома, кога нема настапи, а знаат и да прошетаат со семејството.
Некои велат трета среќа, но за пејачот Ѓоко Јовиќ се погоди четврта среќа. Ѓоко Јовиќ заедно со сопругата Ивана се горди родители на четири деца.




За да го дознаат полот на бебето, ќерката Теодора им организираше изненадување, а Ѓоко тоа го сподели на Фејсбук. На видеото тие пукнаа сини балони, по што се дозна дека ќе имаа уште едно машко.
-Помагам колку што можам, давам се’ од себе, но морам да кажам благодарам и до поголемите дечиња Теодора и Михаил, тие многу помаагаат, навистина околу помалите.
Теодора и Михаил се го голема дарба од бога за пеење и за свирење, Јоан покажува големи амбиции кон музиката. Еве Дарин, можам да кажам дека исто и тој, но сега се уште се мали, не можам да кажам што ќе биде понатаму со нив“, рече Јовиќ во Магазин.




Ѓоко објави видео во кое кажува како тој всушност стасал жив и здрав во Америка со својот бенд, кадешто ќе има турнеја за нашите иселеници, а во видеото кажа: Драги пријатели ние стигнавме, а во текстот напиша: Слава му на Бога пристигнвме во Америка живи и здрави.
Ѓоко по повод патувањето во Америка за својата турнеја, успеал и да прошета малку низ Америка, а најголем впечаток очигледно му оставиле Ниагарините Водопади, каде што Ѓоко позираше на неколку слики на неговиот Фејсбук профил.
Од блиску, настрана во профил, оддалеку, па со својот бенд, Ѓоко не се изнагледа на погледот на оваа природна убавина. Потоа објави видео каде што настапува со својот бенд во дијаспората, а најслаткото го остави за крај.
Со девојчето по име Емили, објави видео како ја пее песната ,,Македонско девојче”. Убавиот глас не ја остави рамнодушна малата Емили која сранмежливо гледаше во камерата. Видеото каде што Ѓоко ја пее ,,Македонско девојче” може да го поглендете подолу.
https://www.facebook.com/gjokojovikpeach/videos/657054779070450
