– Јас ги имам најдобрите браќа на цел свет, јас не можам без нив и тие не можат без мене и секојдневно се слушаме. Имав тежок период во мојот живот, кога изгубив родител, па дополнително се случи поврзаност меѓу мене и моето семејство.
Ми беше тешко да се одделам од нив. Но имам и пријатели кои ми се како семејство. Мојот менаџер Бобан и неговата сестра Билјана, ми беа поддршка. Стојне го искоментира делот кога почнала да пее, а тоа започна кога била многу млада, се уште малолетна.





– Започнав да пеам на 15 години. За мене како млада личност на мои 15 години, но сум имала голема поддршка од моето семејство, и зато ми било лесно, како подмачкано. Без проблем ме пуштиле да пеам, не се противеле, боидејќи виделе дека имам талент“, рече Стојне.




Младата фолкерка Стојне Николова која кариерата ја започна пред неколку години во моментов е една од најбараните и најпопуларни пејачки на домашен терен. Вели дека е пресреќна поради тоа, но истовремено и е многу жал што нејзиниот покоен татко не може да ги види успесите кои ги постигнала.
Сигурно мојата среќа би била поголема доколку човекот кој е заслужен за досегашниот мој успех може да ја види радоста во моите очи – мојот татко. Болката и празнината се големи и не можат да се опишат, но јас ќе продолжам понатаму зашто тоа е мојот, а беше и негов сон”, рече Стојне.




Симпатичната струмичанка признава дека нема идоли меѓу домашните повозрасни колеги, но дека исклучително ги цени сечиј напор и труд. Вели, дека и понатаму ќе ја има и на тезгите, иако сака да се обиде и на домашните фестивали.
За мене се подеднакво значајни и фестивалите и тезгите, затоа што тезгите и покрај тоа што ми се финансиска поткрепа се и место каде што можам да ги истакнам своите вокални квалитети (задоволство ми е да пеам во живо), од друга страна, фестивалите се место за промоција, а и следење на работата на другите колеги, па секако ќе следуваат и настапи на некои од реномираните фестивали кај нас, откри пејачката за Убавина и здравје.




– Растена сум со нашата убава стара традиционална песна и таа ми е во душата, а во школските денови повеќе пеев поп. Кога би требало да изберам кој жанр го преферирам повеќе, навистина не би можела да се одлучам бидејки за мене жанрот не е битен, битно е само да е музика…без неа не можам.




Имам добиено повеќе награди во Македонија, а и во Бугарија. Ќе набројам дел: Награда за најдобар дебитант на Валандово фест 2019, Трета награда на Охрид Фест 2016, Награда за најдобра интерпретација на Пирин фолк 2017, Прва награда од публика на фолк летен хит 2019 и други“, рече Стојне во Женски магазин.




-Мораме да работиме, затоа што ние ако не ја презентираме македонската музика, кој друг би ја презентирал. И мене ми е навистина драго кога младите пејачи ги обновуваат на некој начин македонските убави песни и им го продолжуваат векот.
Да дадеме свој белег на некоја песна, да ја зачуваме и да направиме песната да биде до оригинал, но сепак да си оставиме некој свој белег.-изјави Николова, за естрадниот магазин Естрада плус.




Таа неодамна славеше роденден, во еден скопски рестора, а до неа собрани пријатели кои ептен убаво ја изненадија. Кога за Стојне стаса роденденската торта, таа ептен се израдува и ги дувна роденденските свеќички, а што си посака и дали ќе ѝ се оствари, останува да видиме.




-Јас постојано работам на нови проекти и постојано имам планови што понатаму, што следи, што треба обожавателите да слушаат ново од мене. Веќе имам една многу интересна песна, јас и во претходното интервју нешто најавив.
Се работи за една многу интересна тема, за еден дует со мој колега Манчи, тој е моментално во Австралија, поздрав до него и неговата екипа. Песната се вика “Камионџија”, една тема за која што мислам дека никој сеуште не отпеал на македонски.




Во песната свират Џамбо, Мишел, една убава екипа и песната излезе навистина убаво, можам слободно да кажам и очекуваме што поскоро да го реализираме и видеото.
Се работи за голем проект и вложено е многу љубов, труд и во самата песна, а секако дека така ќе биде и за видеото кое ќе се снима тука и во Австралија.-открива Николова за гледачите на ИН ТВ.




На својата најнова слика на Фејсбук, Стојне е сликана со екстра кратки тесни панталончиња, што е досега најсмело и најраскомтено издание на оваа наша пејачка која очигледно, освен со гласот, решила да ја почести својата публика и со нешто повеќе.
