Жалгирис и Црвена звезда во Каунас го играат преостанатиот натпревар од 21. коло на Евролигата во Каунас, а навивачите на литванскиот тим жестоко ги исвиркаа црвено-белите пред почетокот на мечот.
Имено, кошаркарите на шампионите на Србија, АБА лигата и Купот Радивоје Корач пред почетокот на натпреварот одбија да го држат украинското знаме со натпис „Стоп на војната“, кое присутните гледачи во салата го исвиркаа.
