СЛУЧАЈ ЕЛИТНА ПРОСТИТУЦИЈА: Уапсени менаџер на позната пејачка, фитнес инструктор и учесничка во реално шоу!

Please follow and like us:
Pin Share

Третото основно јавно обвинителство во Белград вчера им одредило притвор на менаџеркот на пејачката Каја Остојиќ, Душан Бањац, фитнес тренерот Никола Анѓелиќ, како и на Јелена Јојиќ поради сомневање дека учествувале во посредување во проституција.

Уапсениот Бањац, кој е осомничен дека бил макро и подведувал девојки, до распитот ќе биде задржан во притвор. Тој и претходно бил апсен поради посредување во проституција. Инаку, тој во јавноста е познат и како менаџер на Каја Остојиќ, на која и и ја крстил ќерката.

Според сознанијата на српски Телеграф, како организатори се означени Љ.Ѓ, А.Ч. и А.М..

Според Телеграф, полицијата уапсила и девојки кои се занимавале со проституција, но и клиенти. Тие ќе одговараат пред Судот за прекршоци во Белград.

– Јелена Јојиќ, која била задолжена да наоѓа клиенти и да контактира со нив, а потоа да им праќа девојки, 40 отсто од заработката чувала за себе, а 60 отсто оделе кај девојките, објаснува соговорникот близок до истрагата.

Според се уште непотврдени информации, проститутките земале по околу 5.000 евра од ноќ.

Меѓу девојките кои работеле за Јелена била и учесничката во реалното шоу „Парови“ и зајачица на Плејбој Мартина Рајиќ. Која своевремено беше вплеткана и во скандал со славниот актер Џерард Батлер. Пред неколку години во јавноста излегоа нивни заеднички фотки, за кои актерот понуди пари да не се објавуваат со цел да не му се извалка кариерата.

Мартина наводно била сослушана кај судија за прекршоци и ја признала вината, па на рочиштето и била изречена парична казна.

Please follow and like us:
Pin Share