И Елвир Мекиќ се врати во Македонија, Ламбе повлече нога за него и за Јован Јованов

Please follow and like us:
Pin Share

Елвир Мекиќ во минатото беше еден од најактивните пејачи на македонската музичка сцена, а денес работи и живее во Босна, со сопругата Лејла и синчето Дарис.

Пејачот исто така неодамна издаде нова песна со наслов „Мрзим љубав“, а иако приватниот живот го држи подалеку од очите на јавноста, сепак најдовме фотографија со неговата сопруга, на која се гледа како изгледа денес, објави во една прилика порталот За се.

Елвир со Лсвојата сопруга Лејла беше во Скопје во 2019 година, на свадбата на својот близок пријател и соработник Кристијан Стефановски од продукција „Прагма“ и неговата избраничка Ана. Атрактивната сопруга на Мекиќ е сопственичка на салон за убавина во Сараево.

„Тука сум на неколку дена. Во Сараево сум со сопругата и со синот, тој наполни шест години. Доаѓам повремено за да ги видам блиските и пријателите.

Инаку, во Босна работам на моја авторска и на музика за други изведувачи“, изјавил Мекиќ за Женски магазин. Јован Јованов, во едно интервју за mojzbordotcom.wordpress.com го спомена и Елвир.

– Отворив и продуценска куќа и бев менаџер на Слаткаристика, Next Time, Елвир Мекиќ, Тони Зен и други.

Огранизирав преку 30 концерти на познати Балкански Sвезди. Со тек на време осетив дека повеќе сум насочен на бизнис а не на музика. Се повеќе се одалечував од мојот сон и мојата мисија.

Тоа и беше една од големите причини зошто пресеков се. Ги затворив моите две фирми и решив да заминам и да се посветам на тоа што најмногу го сакам. Во 2014 заминав во Холивуд да учам за саунд инжинер. Сакав да го усовршам моето знаење и да го запознаат правиот музички бизнис.

-Квалитетот е најважен. Секоја песна треба да се прави со љубов и со голема страст. Публиката тоа го чувствува. Јас сум професионалец и имам многу сериозен пристап кога е во прашање создавање музика. Луѓето на кој им е поважно популарноста и парите од самата музика генерално не успеваат.

Музиката е јавна професија и со самиот успех нормално е да дојдеш до некоја популарност и пари но тие доаѓаат на крај како шлаг на торта. Ама ако нема тортата добра содржина нема ни да дојдеш до шлагот“, изјавил Јованов.

Медиумите изминатиов период на големо пишуваа дека Ламбе Алабаковски се вратил во Македонија. Деновиве го видовме и на концертот во чест на Тоше Проески и Аки Рахимовски кој се одржа во Битола.

Ламбе за Бејстејџ откри дека пред концертот што се одржа во Битола тој се сретнал со каролина и ја прашал дали има некои замерки во неговото пеење бидејќи не настапувал на сцена речиси 6 години.

Каролина само му одмерила и му рекла: ,,Пеењето е како возење точак”, не се заборава. Потоа Ламбе откри дека сега срцето му е на место и тоа припаѓа во Битола.

Ламбе, кој со години живееше во САД, минатата година со семејството, односно сопругата Магдалена и синовите Михаил и Димитриј, одлучи да се врати дома во Македонија и повторно да почне да се занимава со музика.

Која е причината за ненајденото враќање на Ламбе во Македонија, откри и тој самиот:

– Животот донесе такви одлуки, немаше некоја посебна причина за враќањето во Македонија, едноставно морав тој период да го поминам во Америка.

-Убаво ми дојде промената, имав време да се посветам на фамилијата и дечињата, а сега планирам да сработам некои нови песни, а имам голема желба да снимам и некои преработки.

Ламбе се врати дома некако во исто време кога и Јован Јованов, но Јован во емисијата Голден карпет изјави дека во Македонија е дојден на одмор и набрзо повторно ќе оди во Канада каде што живее.

Се објави слика на Инстаграм профилот на емисијата Еден на еден на која е сликан Јован Јованов како се подготвува за снимање на емисијата, а насликата е Жаре, водителот на емисијата, но и Елвир Мекиќ.

Елвир и Јован беа другари долги години, па снимаа заедно песни, па потоа секој си го фатил својот пат, Елвир во Сараево а Јован во Канада.

Ама ете, на сликата која е објавена на Еден на еден се гледа дека Елвир се вратил од Сараево, и пак е заедно со својот стар пријател Јован.

Please follow and like us:
Pin Share