Оваа наша фолкерка каде и да настапува салите се претесни,моментално најбараната а и најскапата македонска фолкерка

Please follow and like us:
Pin Share

Македонската фолк ѕвезда Сузана Гавазова имаше настап за паметење во Копенхаген, Данска, каде покрај своите хитови и одличната атмосфера, гостите ги воодушеви и со својот феноменален изглед. Имено, пејачката е позната како некој што секогаш посебно се подготвува за своите настапи, па и овој пат предизвика воодушевување и позитивни реакции со интересната креација што ја носеше.

Секоја жена ги обожава фустаните со цветни дезени, а Гавазова на својот последен настап носеше еден совршен модел.

Во прашање е еден од омилените дезени на претставничките на понежниот пол, а како Гавазова изгледаше во овој фустан погледнете во продолжение.

Креацијата е со крој што ја следи линијата на телото кој воедно и доволно лежерен за во него да можете да се движите, но притоа и да ги истакнете женските атрибути. Тоа значи дека големината на фустанот мора да биде добро избрана за вашите пропорции или кројачката малку да ви го прилагоди, а што се однесува до нашата позната пејачка, таа во овој преубав женствен модел едноставно блескаше.

Од нејзиното елегантно и женствено издание исто така можеме да забележиме и дека пејачката нема ни грам вишок, бидејќи во спротивно со овој фустан тешко ќе можеше да го сокрие и најситниот детаљ.

Please follow and like us:
Pin Share