Македонската фолк ѕвезда Сузана Гавазова имаше настап за паметење во Копенхаген, Данска, каде покрај своите хитови и одличната атмосфера, гостите ги воодушеви и со својот феноменален изглед. Имено, пејачката е позната како некој што секогаш посебно се подготвува за своите настапи, па и овој пат предизвика воодушевување и позитивни реакции со интересната креација што ја носеше.
Секоја жена ги обожава фустаните со цветни дезени, а Гавазова на својот последен настап носеше еден совршен модел.
Во прашање е еден од омилените дезени на претставничките на понежниот пол, а како Гавазова изгледаше во овој фустан погледнете во продолжение.

Од нејзиното елегантно и женствено издание исто така можеме да забележиме и дека пејачката нема ни грам вишок, бидејќи во спротивно со овој фустан тешко ќе можеше да го сокрие и најситниот детаљ.

