Тања Савиќ позира во амерички тоалет во када: важно маичката е полупровидна (ФОТО)

Please follow and like us:
Pin Share

Taња на почетокот на месецов замина на американска турнеја. Како што рече, 11 години не е во ветената земја и едвај чека повторно да им запее на нашите што живеат таму.

Тања Савиќ, една од најпопуларните пејачки од помладата генерација. Кога се во прашање нејзините настапи во Србија, пејачката истакнува дека е повеќе од задоволна од нивната посетеност.

– Каде и да пеев, имаше многу публика и можам да се пофалам со прекрасната комуникација со мојата публика. Во моментов сум пресреќна од мојата кариера – вели таа.

Тања е верна на својот стил, но и на природниот изглед и вели дека нема намера да го менува.

– Мојот физички изглед не се промени премногу во последните години. Се трудам да си го зачувам идентитетот и да бидам препознатлива за луѓето. Не сакам да изгледам или да се облекувам поинаку во однос на моите години – гордо истакна пејачката на многу хитови.

– Имам големи планови за мојата кариера. Кога станува збор за новиот албум, сакам до крајот на оваа година тој да го види светлото на денот, а следната година да организирам голем солистички концерт – вели Тања Савиќ.

Се чини дека љубовниот живот на Тања Савиќ никогаш не бил поактуелен. По бурниот развод од Душан Јованчевиќ поради при силното земање на нивните синови, кои Тања едвај успеа да ги врати во Србија од Австралија, таа влезе во романса со градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ.

Иако Тања никогаш не сакала да зборува за оваа врска, се чини дека е посреќна и позадоволна од кога било, барем судејќи по изгледот, насмевката која ја краси, како и заедничките фотографии кои се појавија во јавноста неодамна.

Пејачката на почетокот на месецот замина за Америка каде што беше многу возбудена да ја посети после многу години. Единствено и беше тешко што ќе се раздели од нејзините синови, но ја утеши тоа што ќе се слушаат постојано преку мобилните.

– Многу сум среќна што ќе одам во Америка и што по повеќе од една деценија ќе ги посетам Лас Вегас и Чикаго.

Имам многу блиски пријатели таму, но и познаници во други градови, па се надевам дека ќе се дружам со нив на моите настапи. Едвај чекам повторно да ги видам сите – вели Тања, додавајќи дека синовите овојпат нема да патуваат со неа.

Тања на социјалните мрежи сподели многу фотографии од патувањето, а таму го прослави и Валентајн со големо изненадување на креветот. Имено таа за подарок доби многу ружи исполнети со плишани играчки, а радоста ја сподели со сите на својот социјален профил.

По фотографиите, Тања најмногу уживала во Мајами на плажа каде што позираше во бикини покрај мирниот океан. Без шминка, сосем природна и убава како што отсекогаш изгледала.

Најмногу коментари доби по фотографиите кои веројатно се направени во апартманот каде што таа престојувала. Тања позираше во чипкаста маичка која е полу-провидна, а местото на кое што таа позираше уште повеќе ги воодушеви нејзините следбеници.

Во када со облека, а многумина под фотографијата и искоментираа дека тоа е пресек си.

Please follow and like us:
Pin Share