Биба Додева ифрит лута – кажа што и се случило на болница

Please follow and like us:
Pin Share

Биба Додева ја знаеме како одлична пејачка која има победено на доста фестивали, како мајка на Емануела и баба на Александар, но малку се знае за нејзиниот приватен љубовен живот. Во една прилика, таа искоментира на оваа тема:

-Свесна сум дека мојата професија е јавна, но мојот приватен живот е само мој. Ама еве, колку за да ја задоволиме желбата за информации, не сум вљубена во никого, ама се трудам да бидам среќна секој момент и да му се радувам на животот“, рече Биба за Реоублика во една прилика кога пибеди на фестивалот Макефест и доби парична награда која исто така ја искоментира:

-Откако ќе го платам персоналниот данок од 11 проценти, остануваат 17.800 евра кои, секако, не ми припаѓаат целосно мене, ама, во секој случај, веќе почнувам да правам планови како ќе ги потрошам.

За секој вистински пејач е предизвик да пее со ревијален оркестар, и тоа е едно непроценливо искуство. Мојот прв јавен настап во 1998 година на „Скопскиот фестивал“ беше придружуван од ваков оркестар и навистина ми е мило што повторно имав можност да настапувам со сите музичари што беа на сцената.

Промената во однос на временскиот период и мене ме изненади, но, сепак, тоа се работи и пропозиции што ги одлучува некој друг, а наше е дали ќе учествуваме и ќе ги прифатиме тие работи или не.

Јас сум пејач што преферира да пее со музичка група, така што оваа промена многу ми се допадна.

А, што се однесува до наградите, само ќе кажам дека, секако, се дополнителна мотивација за што повеќе композитори да се вклучат во фестивалот, иако ми е мило што имаше и такви со кои сме учествувале на македонските фестивали и кога наградата била само направена од дрво.

Фестивалите се за публиката. Ние им нудиме песни ним, а тие си го кажуваат своето мислење и го прават изборот. Сѐ си има свои добри и лоши страни.

Со ваквиот начин на гласање им се овозможува на повеќето граѓани што ги следат нашите настапи да дадат свој придонес во победата и да го скројат општото мислење, а не само на тие што купиле влезници за настано“, изјави додева и раскажа анегдота за себеси.

-Јас сум позната по тоа дека знам да се сопнам среде сцена, на рамно (се смее). Мајка ми дури често се шегува со мене дека треба да ми месат од оние колачиња што се месат за бебиња кога проодуваат за да не ми се случува тоа веќе.

Сепак, имав добри АБС сопирачки на потпетиците, па добро се снајдов на крај. Инаку, не верувам јас во суеверија, верувам дека секогаш има причина зошто се случуваат некои работи.“.

Биба беше многу поврзана со својата мајка која за жал веќе не е меѓу нас. Таа го напушти овој свет пред три години, а Биба често знае да ја спомене во своите приказни на Фејсбук како што направи во една прилика:

-Света Петка, денот твој. Слава на баба Верче и твој роденден мамо. Така ќе го паметам секогаш овој ден.. Упорно не идам на гро-би-шта, баба Верче ќе се лути, ама ќе и пројде. знам ти нема да се лутиш, знаеш дека не ме бива за такви работи..

Ве сакам. Те сакам. Ми фалиш до коска, бар за Аце да ти раскажувам зошто никој не би се радувал на Емануела и Алекс како ти. Чувај ми ги од горе.. Слава ти!“, рече Биба за својата мајка.

Пејачката во април минатата година наполни 46 години и на својот Инстагтрам профил објави стори во кое им посака добредојде на своите години. Но, она што исто така е сеподели е честитка од нејзината ќерка, Емануела од чија слика е гледа колку личи на мајка ѝ. Во честитката, Емануела ја нарекува Биба мајка и татко.

-Среќен роденден на оваа кралица: мајка, татко, баба, креативен артист, бестрашен ѕв-ер, сила на природата, најелегантната, срце од жена. Те сакаме“, напиша Емануела.

Биба минатата година издаде албум кој се вика „Незаборавни“, со преработки на најпознатите македонски евергрини. Таа во Слободен печат изјави:

-Изборот го правев според мојот сензибилитет. Не сакам да бегам од себе, бидејќи колку и да имаат свој печат тие антологиски песни, сакав да ги препеам со мојот сензибилитет, а притоа да не ги оск вернав -ам.

Со добар аранжман и изведба сакавме да направиме продолжување на нивниот живот. Песните се така селектирани што потекнуваат од различни етапи од животот на сите нас.

Песната „Еден бакнеж“ со Нина Спирова е од 60-тите години на минатиот век, „Ти само збориш“ со Верица Ристевска е од 70-тите, „Скопје“ на Влатко Стефановски, „Сребрени улици“ со Маја Оџаклиевска и „Анушка“ со Ана Костовска се од 80-тите години, од 90-тите се „Виолина и гитара“ и „Сонце за три светови“, а албумот завршува со мојата песна „Необичен круг“ од 2002 година.

Биба Додева птред извесно време по втор пат беше заразена од Ко вид, и сега оди на редовни контроли. „Репортер“ пренесе нејзин лут статус со фотографија со помодрени вени,каде што Биба остро ги критикува сестрите кои ѝ земале к рв.

-Кога запослуваат сестри кои немаат појма вена што е, а не па да земат кр в. Смрдли.

Немам веќе разбирање и љубезност кон непрофесионалци, принаучени гугл лаици, смpдли исфрустрирани, покондирани фуфици кои ми грешат доза на терапија и да не видев ќе ме уте паа со грешни дози, од иди оти неспособни кои одлучуваат а кои се штетни за мене и моето семејство.

Прекардашили сте! Све по список. P.s. I’m not sorry for my French“, напишала Додева.

Please follow and like us:
Pin Share