Таа е една.
Нејзината појава е секогаш толку впечатлива и уникатна, што никогаш не може да остане незабележана.
Овојпат, нашата македонска фолк дива Сузана Гавазова ја снимиа на влез во најгледаното македонско музичко шоу „Имат Немат“ кое се одржува во ИН Продукција во Охрид и ни донесе преубава енерѓиа.
Нашите камери ја снимија Гавазова како пристигнува пред студиото и заедно со нејзиниот личен стилист влегува во гостилницата „Имат Немат“.

За оваа пригода беше облечена во црно кратко фустанче, надополнето со прекрасна бунда во лаванда боја која одлично и прилегаше.
Сузана за нејзините фанови отпеа неколку убави македонски песни во живо, заедно со Оркестар Маестрал од Битола кои беа домаќини на шоуто.
Секако дека после пеењето, следуваше и долга фотосесија во едно од најубавите студиа во земјава, студиото на ИН Продукција.
Инаку, кога станува збор за нешто ново на музичко поле, Сузана ни го најави дуетот со нејзината колешка Сања Гроздановска Сани, кој што треба да излезе во најскоро време.
