Бајага: Ако Аца Лукас кажал дека јас се дрогирам, тогаш тоа е страшно!

Please follow and like us:
Pin Share

Во првата полуфинална вечер на изборот за песна на Евровизија во Србија, во бекстејџот малку недостигало да дојде до физичка пресметка помеѓу Аца Лукас и Момчило Бајагиќ – Бајага.

Имено, Лукас на денешната конференција за новинари зборуваше за Бајага, а спомнал и за користење недозволени супстанци.

Бајага бил присутен и вечерва, односно на втората полуфинална вечер, бидејќи тој е автор на песната која ја изведува Душан Свилар. Познатиот музичар вечерва одговорил на неколку прашања на новинарите.

Тој истакнал дека е страшно тоа што го изјавил Лукас за него.

„Ако Аца вели дека се дрогирам, тогаш тоа е страшно. Не се случи ништо вчера, таман работа, зошто би зборувал со Аца Лукас за политика на натпревар за Евросонг. Јас не се натпреварувам, правев песни за Бибер и Дуле Свилар – рекол Бајага.

Please follow and like us:
Pin Share