Драгана Мирковиќ која важи за една од најголемите ѕвезди во регионот вели дека долги години безуспешно се обидуваат да ја скараат со колешката Лепа Брена!
Пејачките некогаш беа заедно во издавачката куќа „ЗАМ“ и го имаа истиот менаџер Раку Ѓокиќ, а кога во меѓувреме станаа најголеми фолк ѕвезди почна да се пишува за нивното наводно ривалство.

– Се обидоа да не скараат со разни приказни и подметнувања, но не успеаја. Моето пријателство со Брена никогаш не беше условено од тоа колку се гледаме, туку од емоциите што ги имаме една кон друга. Ние сме зрели и знаеме дека вистинските пријатели не мора секогаш да бидат тука, но тие се со вас кога навистина ви е потребно. Така е и со нас две. Не се гледаме или слушаме секој ден, туку повремено. Кога и да можеме, се гледаме, не е важно за која држава или град станува збор – вели Драган.
