Тања Савиќ, една од најпопуларните пејачки од помладата генерација, се подготвува за американската турнеја, поради што е многу возбудена. Пејачката истакна дека по цели 11 години со нетрпение чека да стапне во Америка.
Пејачката открива и дека ќе и биде тешко да се раздели од синовите Максим и Ѓорѓе, но дека се потрудила се да организира така што тие нема ништо не пропуштаат додека не се врати
– Многу сум среќна што ќе одам во Америка и што по повеќе од една деценија ќе ги посетам Лас Вегас и Чикаго. Имам многу блиски пријатели таму, но и познаници во други градови, па се надевам дека ќе се дружам со нив на моите настапи. Едвај чекам повторно да ги видам сите – вели Тања и додава дека синовите овојпат нема да патуваат со неа.
– Откако децата се со мене, ова е прв пат да бидеме разделени. Сепак, организирав се за да не го почувствуваат моето отсуство. Таму се мојата сестра и моите родители, па ги оставам во сигурни раце. Ништо нема да им недостига, а јас ќе се вратам за две недели. За среќа, денес имаме современи методи на комуникација, па секојдневно ќе се слушаме и гледаме преку камера- вели Тања.
Кога се во прашање нејзините настапи во Србија, пејачката истакнува дека е повеќе од задоволна од нивната посетеност.
– Каде и да пеев имаше многу обожаватели и можам да се пофалам со прекрасна комуникација со мојата публика. Во моментов сум пресреќна од мојата кариера – вели таа.
– Планирам да снимам дует, но имам други планови за кариерата. Кога станува збор за новиот албум, сакам до крајот на оваа година да го види светлото на денот, а следната година да организирам голем солистички концерт – вели Тања Савиќ.
